Србија со победа од 1-0  против Костарика, го отвори Светското првенство во Русија и запиша три бода, иако не играа баш најдобро против аутсајдерот.

Костарика имаше неколку шанси во првиот дел, но не успеа да го совлада голманот на Србија, Владимир Стојковиќ, а тоа не успеа да го казни ниту Србија, бидејќи Кејлор Навас беше на висина на задачата, па успеа да сопре неколку удари на противничките играчи.

Србите беа малку поконкретни во вториот дел, а до гол стигнаа во 56. минута, кога капитенот на Србија, Александар Коларов со вистинска мајсторија од слободен удар го отвори резултатот.

И покрај тоа, Србите не стигнаа до поубедлива победа поради неефикасноста на своите играчи. На крајот на натпреварот видовме турканици помеѓу Немања Матиќ и противничката клупа, но судиите спречија посериозен инцидент.