Србинот Костиќ фантастично пречекан во Истанбул (ВИДЕО)

Српскиот интернационалец Филип Костиќ пронајде решение за сезоната во која Тијаго Мота не сметаше на него и одлучи да се пресели во Фенербахче кај Жозе Мурињо.

Костиќ во текот на денешниот ден ќе стави потпис на договор со Фенербахче и така ќе оформи „балканско“ трио со Един Џеко и Душан Тадиќ. Во редовите на Фенер тој пристигнува на позајмица со право на откуп.

Турските навивачи му приредија и фантастичен пречек во вечерните часови кога фудбалерот пристигна во Истанбул. Во текот на денешниот ден Костиќ треба да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.