Скандал во Германија: Отворена истрага поради наместени натпревари!

Фудбалскиот сојуз на Германија отвори истрага поради наводни наместени 17 натпревари во првенствата во оваа земја.

Во главно станува збор за натпревари од третата германска лига и регионалната лига. Како што пренесуваат германските медиуми дефанзвиците и голманите биле главни во местењето натпревари и тие им дозволувале на противниците да постигнуваат голови.

Наскоро се очекува да се објави и кои натпревари се под истрага.

Германија веќе еднаш се соочи со скандал поради наместени натпревари кога фудбалскиот судија Роберт Хојцер ја призна вината.