Сѐ за пари: Роналдо облечен како шеик со меч в рака танцува околу саудиското знаме (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо како прв, а по него и огромен број други светски фудбалски ѕвезди се преселија во Саудиска Арабија, каде што за настап во (полу)професионална лига заработуваат огромни суми пари, за кои освен на теренот треба да им прават ќеиф на шеиците и надвор од него.

Поради тоа, екипата на Ал Наср денеска објави видео во кое неговите фудбалери, предводени од Роналдо, танцуваат со мечови во рацете, а околу нив има знамиња на Саудиска Арабија. Причина за ова е утрешниот голем саудиски празник, датумот кога оваа држава станала кралство.

Роналдо и другарите во богатите договори имаат и клаузули дека мора да ја рекламираат државата која ги плаќа, па сега очигледно дојде денот за наплата.