Шок за ФИФА: Европјаните размислуваат да го бојкотираат Мундијалот!?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на чело со Џани Инфантино има план да создаде компанија преку која ќе продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори, а тоа предизвика бурни реакции од Европската фудбалска унија (УЕФА), а сега се најавува и бојкот на Мундијалот.

УЕФА ѝ порача на ФИФА дека „фудбалот не е на продажба, а британски „Скај“ пишува дека европските селекции размислуваат да го бојкотираат Мундијалот доколку Инфантино го реализира неговиот план.

Инфантино со продажба на удел во СП на приватни инвеститори планирал да заработи дури 17,3 милијарди евра, а меѓу нив требаше да биде и администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Во текот на оваа недела членките на УЕФА ќе одржат виртуелен состанок по што ќе биде јасна нивната одлука на оваа тема.