Шалке ќе го убедува Раул да го напушти Реал?

Пред почетокот на сезоната се очекуваше екипата на Шалке да го води главниот збор во втората германска лига, но не е така, напротив тимот од Гелзенкирхен игра лошо и има проблеми.

По шест одиграни натпревари екипата на Шалке има само четири бода и се наоѓа н 16. место на табелата. Тимот е во серија од три порази на домашен терен во септември, примија десет голови и јасно е дека се во потрага по решение за клупата.

Една од големите желби на раководството е Раул Гонзалес. Легендарниот наоаѓач во овој момент е тренер на Реал Кастиља (вториот тим на Реал Мадрид) и бележи навистина одлични резултати.

Раул веројатно се надева дека може да го наследи Карло Анчелоти на клупата на првиот тим кога Италијанецот ќе го напушти кормилото. Токму поради тоа претходно одби неколку понуди од најсилните првенства, па мала е веројатноста и сега позитивно да одговори на понудата на Шалке.

Ќе потсетиме, Раул играше за Шалке по настапите за Реал Мадрид каде што остави длабока трага.