Сенегалци сакаа да влезат на терен, па се степаа со редардите - летаа и столици! (ВИДЕО)

Сенегал успеа да слави со 1-0 против Мароко по продолженија во едно од најлудите финалиња во Африканскиот куп на Нации, а вистинска драма се случуваше покрај теренот.

Главниот судија поништи гол на Сенегалците, па досуди пенал за Мароко, а тоа предизвика револт и хаос на трибините, откако дел од навивачите се симнаа и се тепаа со редарите, а летаа и столици.

За среќа, страстите меѓу навивачите се смирија, па тие се вратија на своите позиции, а натпреварот продолжи да се игра.