Сенегал во директен дуел го елиминира Еквадор, Холандија сигурна против Катар (ВИДЕО)

Холандија со победата од 2-0 против Катар гои освои првото место во групата А, додека друштво во осминафиналето ќе им прави Сенегал кој во директен дуел го реши Еквадор со 2-1 и обезбеди место меѓу најдобрите.

Коди Гакпо ја продолжи голгетерската форма на Мундијалот и вечерва погоди против Катар за да стане прв човек по Алесандро Алтобели кој постигнал гол на секој од првите три меча на Светско првенство (СП).

Вториот гол за „лалињата“ падна на почетокот на второто полувреме, кога Френки Де Јонг ја затресе мрежата на Катар за да го потврди триумфот од 2-0 на Холандија.

Сенегал и Еквадор водеа вистинска војна на теренот, но сепак до победа стигна африканската репрезентација со 2-1 и тоа ги однесе на второто место во групата А.

Исмаила Сар беше стрелец на првиот гол за Сенегал, и тоа во 44. минута од пенал, по што Еквадор за момент се врати во игра и израмни преку Мојсе Каиседо во 68. минута. Сепак, Сенегал во следниот напад постигна нов гол преку Калиду Кулиабли за конечни 2-1.