Се сруши трибина на култен стадон во Чиле: Најмалку десет повредени навивачи (ВИДЕО)

Попладнево на стадионот „Монументал“ во Чиле се случи несреќа откако се сруши дел од една од трибините на која имаше илјадници навивачи на Коло Коло. 

Тие го бодреа својот тим на тренинг во пресрет на големото дерби против Католика Универзидад. Додека навивачите пееја песни и палеа пиротехника еден дел од трибините се сруши. Според првичните информации нема загинати навивачи, но десетмина се повредени.