
Саудиска Арабија официјално достави кандидатура за Мундијалот во 2034 година
Слоган на кампањата е „Заедно растеме“, а официјално е промовирано и логото на Мундијалот ако тој биде организиран во оваа држава. Последните две години Саудиска Арабија вложи големи финансиски средства во фудбалот, донесе огромен број светски фудбалски ѕвезди, а кандидатурата за организација на Светското првенство е доказ дека на сето тоа се гледа како на долгорочен проект.
Саудиска Арабија сакаше да го организира и Мундијалот во 2030 година, но организацијата на тој настан го добија Шпанија и Мароко.