Руни го убедувал Барди да дојде кај него, но овој не сакал да чуе!

Енис Барди и понатаму е интересен за турските медиуми и откако го комплетира трансферот од Леванте во Трабзонспорт, па вечерва објавија пикантерии за целиот процес, додека да созрее преминот од Шпанија во Турција.

Дека Барди имаше понуда од САД меѓу другите, беше познато, но дека лично Вејн Руни го убедувал, тоа е нов момент. Англиската легенда летово седна на клупата на Ди-Си јунајтед и бил решен да го доведе Барди во својот тим. Имал и неколку средби со него, но Барди го одбил, велејќи дека сака да игра во Лигата на шампионите.

Од слична причина го одбил и Олимпијакос, иако Леванте и грчкиот тим веќе ги договорија заедничките детали. Тој бил решен дека сака да настапи за шампионот на Турција и желбата за ЛШ може да му се оствари, ако Трабзонспор го мине Копенхаген, во плеј-оф колото, кое претстои во наредниве две недели.