Роналдо решил да ги почести колегите со вечера - тројца одбиле да се појават!

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо постигна гол во победата од 3-2 против Гана, а со оа испиша историја како единствен фудбалер кој успеал да постигне гол на пет Мундијали по ред.

Роналдо по натпреварот решил да ги почести неговите колеги со вечера во луксузен ресторан, но сепак британските медиуми пишуваат дека тројца од нив одбиле да се појават.

На вечерата не се појавиле Хозе Са, Бернардо Силва и Жоао Кансело, кои на турнејата се со нивните семејства и сакале со нив да го поминат времето.

Португалецот има бурен период зад себе, откако пред неколку дена го раскина договорот со Манчестер јунајтед по бомбастичното интервју кое го даде за водителот Пирс Морган.