Роналдо даде уште два гола, ама Ал Наср со пораз од второлигаш ги заврши подготовките (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ја продолжи гол-серијата во текот на подготовките за новата сезона откако денеска два пати ја тресе противничката мрежа во дуелот со шпанската Алмерија.

Ал Наср, сепак, загуби со 2-3 и со пораз се враќа во Саудиска Арабија на нешто повеќе од една недела пред почетокот на новата сезона. На 19 август, екипата игра против Ал Итихад во полуфиналето на саудискиот Суперкуп и да не беше денешниот пораз, со максимален ефект ќе ги завршеше подготовките.

Арибас го отвори резултатот во шестата минута, а потоа Роналдо погоди еднаш од игра, еднаш од пенал за првиот пресврт на мечот. Ембарба се погрижи за вториот, постигнувајќи еден гол во 43. и еден во 61. минута за победа на Алмерија.

За Ал Наср денеска дебитираше довчерашниот играч на Барселона кој го напушти каталонскиот тим на една недела пред почетокот на Ла Лига.