Рамос: Шпанија не губи туку учи – ќе се вратиме посилни (ФОТО)

Селекцијата на Шпанија настапот на Мундијалот во Катар, неочекувано, го заврши веќе во осминафиналето, по вчерашната елиминација од Мароко по изведување пенали, откако средбата по 120 минути заврши без голови.

Без разлика што не беше во составот за СП 2022, по средбата се огласи легендарниот дефанзивец Серхио Рамос, кој им даде поддршка на поранешните соиграчи.

„Денеска сме погорди од било кога досега на знамето, нашата земја и на нашите фудбалери. Шпанија не губи, таа учи. Шпанија паѓа, се сопнува, но веднаш станува и продолжува напред. Ќе се вратиме уште посилни. Напред Шпанија”, напиша Рамос по поразот од Мароко.

„Црвената фурија“ не блескаше ниту во групната фаза, во која како втора се пласира понатака по поразот од Јапонија (1-2) и ремито со Германија (1-1).

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)