Продадени 1,2 милиони влезници за Мундијалот во Катар

Бројот на продадени влезници после втората фаза на продажбата преку ФИФА достигна до 1,2 милиони билети, обелодени генсекот на организацискиот комитет на „Катар 2022“, Хасан Ал Тавади.

Преку 40 милиони пријави имаше во ФИФА од навивачите низ светот за едномесечниот турнир кон крајот на годинава, од 21 ноември до 18 декември. Во првата фаза имаше 17 милиони баража, а во втората фаза дури 23 милиони барања

„Побарувањето на билети е рекордно високо, а луѓето купуваат влезници и се радуваат на претстојниот турнир“, рече Ал Тавади.

Здруженијата на навивачи се загрижени поради цените на летовите и сместувањата кои се (пре)скапи, како и за човековите права, пред сѐ за човековите права и дискриминацијата кон ЛГБТ-заедницата, за што Џани Инфантино, претседателот на ФИФА се закани дека Катар ќе го загуби Мундијалот на нецели пет месеци до стартот ако не дозволи сите да дојдат на СП и кон сите еднакво да се однесува домаќинот.

„Се обидуваме да создадеме опкружување во кое економијата ќе има корист, но истовремено да биде пристапно и достапно за сите, иако не е лесно да се избалансира“, додаде Ал Тавади.