Проблем за Инзаги: Интер остана без првиот голман

Швајцарскиот чувар на мрежата Јан Зомер се повредил и „нероаѕурите“ ќе бидат без него во наредниот период.

Интер потврди дека Зомер заработил повреда на палецот и поради тоа ќе паузира најмалку четири недели. Во тој период Интер ќе одигра неколку важни натпревари и тоа на три фронда: Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите.

Засега сигурно е дека ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите каде што Интер ќе игра против ПСВ или Феенорд, но и дербито против Наполи во Серија А, како и дуелите со Џенова и Монца. Во купот Зомер ќе ја пропушти средбата со Лацио.

Враќањето на голот за Швајцарецот може да се очекува за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите кој ќе се игра на 11 или 12 март.

Се очекува неговото место помеѓу стативите да г преземе Шпанецот Хозеп кој летово стигна од Џенова. Сезонава шпанскиот чувар на мрежата бранеше само во Купот на Италија против Удинезе на 19 декември.