Познато е кој ќе ја освои „Златната топка“ (ФОТО)

Минатата година „Златната топка“ не беше доделена, а организаторот магазинот „Франс Фудбал“ рече дека тоа е поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, што ги прекина првенствата на неколку месеци. 

Оваа година најпрестижната индивидуална награда во фудбалот ќе биде доделена и ќе оди во рацете на Роберт Левандовски, открива шпанска „Марка“. Полјакот и лани беше главен фаворит за признанието, но се закити само со наградата на ФИФА наречена „најдобриот“.

Голгетерот на Баерн Минхен добил најмногу гласови и во трката ги победил Лионел Меси и Карим Бензема. Најдобрите 10 според гласањето се Мохамед Салах, Жоржињо, Килијан Мбапе, Енголо Канте, Ерлинг Халанд, Кристијано Роналдо и Кевин де Брајне.