Познати составите на Мексико и Јужна Африка за првиот меч на СП (ФОТО)

Мексико и Јужна Африка вечерва од 21 часот ќе го отворат Мундијалот на култниот стадион во Мексико Сити, а селекторите пред натпреварот ги избраа фудбалерите за првиот меч.

Репрезентацијата на Мексико влегува како апсолутен фаворит во пресметката со Јужна Африка, а на теренот ќе настапат Рангел, Рејес, Монтес, Васкез, Галардо, Лира, Фидалго, Гутиерез, Алварадо, Хименез и Кинонес.

За селекцијата на Јужан Африка ќе играат Вилијамс, Мудау, Окон, Сибиси, Мбокази, Модиба, Мокоена, Ситол, Адамс, Рајнерс и Фостер.

Фото: Facebook/SAFA.net - South African Football Association