
Познати и деталите: Мањан потпишува нов договор со Милан
Како што пренесуваат италијанските медиуми, францускиот голман постигнал вербален договор со „росонерите“ и ќе потпише договор до 2028 година.
Според договорот Мањан ќе заработува пет милиони евра годишно и ќе има одредени бонуси.
Се очекува Мањан официјално да го потпише договорот во наредните недели. Во Милан голманот пристигна летото 2021 година за сума од 16 милиони евра.
Со неговиот потпис Милан ќе ја обезбеди голманската позиција во наредните години бидејќи претходниот договор му истекуваше летото 2026 година.