Португалија без Роналдо уште помоќна – со стил завери четвртфинале (ВИДЕО)

Португалија беше меѓу трите селекции кои после 180 минути во Катар обезбеди осминафинале, но не блескаше и требаше Фернандо Сантош да го остави Кристијано Роналдо на клупа, за „европските Бразилци“ да ја покажат сета своја моќ и да ја прегазат Швајцарија со 6-1 за четвртфинале и пресметка со Мароко меѓу најдобрите осум.

Првпат после 14 години, Роналдо беше резерва на голем турнир после 31 меч, а „изненадувањето“ на Сантош да го стави Гонсало Рамош во првите 11 излезе како полн погодок, зашто младиот напаѓач даде хет-трик, прв на овој Мундијал, па ја водеше Португалија до пласманот.

Рамош погоди од првиот шут во 17-та минута, Пепе стана втор најстар со гол на Мундијал (безмалку 40 години) ја дуплираше предноста во 33-та минута и Португалците безмалку го имаа четвртфиналето во рака, но сѐ набрзина заверија во првите десет минути од вториот дел. Рамош даде втор гол во 51-та, па Рафаел Гереро во 55-та даде четврти гол, а Рамош комплетираше хет-трик во 67-та минута. Печат на спектакуларната победа во втората минута од судиското надополнување стави Рафаел Леао.

Мануел Аканџи во 58-та погоди само за почесен гол на Швајцарија, која се издува против Србија во битката за осминафинале, па вечерва во ниту еден момент не беше конкурентна против разиграните Португалци.