Поранешниот напаѓач на Ливерпул стана свештеник

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Бразилецот Роберто Фирмино отвори нова страница во животот и стана евангелистички свештеник.

Церемонијата во црквата Мана во родниот град на Фирмино, Масеио се одржа минатата недела. Станува збор за црква која токму Фирмино ја изгради заедно со неговата сопруга Лариса Переира и уште неколку пастири.

Датумот беше избран и посветата се случуваше толно на три години од отворањето на црквата.

„Три години од црквата Манах. Незаборавна ноќ. Уште кога го запознавме Христос сакаме луѓето да знаат за таа љубов. Сега ќе имам и друга одговорност, ќе бидеме пастори“, објави 32-годишниот напаѓач.

Во овој момент Фирмино е фудбалер на Ал-Ахли од Саудиска Арабија каде што се пресели по епизодата во Ливерпул.