Поранешниот англиски репрезентативец по 15 години за првпат ќе игра надвор од Англија
Интересно за Таусенд ова е негов прв клуб надвор од Островот, а со Анталијаспор потпиша договор на две години.
Кариерата ја започна во 2009 година во Тотнем и во последните 15 години промени дури 14 клубови, како во Чемпионшип така и во пониските лиги. Во Тотнем се задржа најдолго од 2009 до 2016 година, но во меѓувреме беше испраќан во повеќе клубови.
Минатата сезона го носеше дресот на Лутон Таун од каде што се пресели во Турција. За репрезентацијата на Англија собра 13 настапи.