
Поранешен фудбалер на Победa ќе им точи пиво на шеиците на СП во Катар (ФОТО)
Тој денеска ќе го има официјалното деби на Мундијалот, со оглед што од 17 часот ќе се одигра првиот меч на оваа арена и тоа помеѓу Холандија и Сенегал. Митрески веќе ја почувствува мундијалската атмосфера служејќи ги шеиците и многубројните гости во барот во кој работи, додека ги следеа возбудувањата од вчерашното свечено отворање и од дуелот помеѓу Катар и Еквадор (0-2).
„Покрај напорната работа со многу гости, како поранешен фудбалер би сакал да видам што повеќе од натпреварите на стадионот, секако доколку имам време. Навивам за Хрватска, бидејќи работев таму, како и за Бразил“, изјави 26-годишниот Митрески за прилепскиот портал „Шампион“.
На стадионот „Ал Тумама“ во Доха до 10 декември ќе се одииграат и натпреварите помеѓу Шпанија и Костарика, Катар и Сенегал, Белгија и Мароко, Иран и САД, Канада и Мароко, како и еден осминафинален и еден четвртфинален дуел. Митрески инаку е „дете“ на прилепска Победа, во која настапуваше за младинските категории, како и за сениорскиот состав до 2016 година.
ФОТО: shampion.mk