Полицијата објави детали од грабежот во куќата на Стерлинг

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг синоќа не настапи против Сенегал (3-0) затоа што мораше да се врати во Англија, каде што бил ограбен неговиот дом од страна на разбојници.

Полицијата објави детали од грабежот кој се случил во домот на Стерлинг, а за среќа нема повредени.

„Во моментов го истражуваме грабежот. Полицијата беше контактирана околу 21 часот, кога било забележано дека недостигаат голем број предмети, меѓу кои и накит и часовници. Истрагата е во тек, а засега нема повредени“, се вели во соопштението.

Селекторот Герет Саутгејт кажа дека Стерлинг може да отсуствува колку што сака за да го реши проблемот.