Перу го изненади Бразил и му ја прекина серијата од 17 меча без пораз (ВИДЕО)

Перу славеше во пријателски меч против Бразил со 1-0, па така му ја прекина серијата на противникот од 17 меча без пораз. Претходниот пораз, пред овој, Бразил го доживеа од Белгија на минатогодишното Светско првенство.

Единствениот погодок беше постигна во 85. минута откако по центаршутот на Јотун од слободен удар, голот го постигна Луис Абрам

Перу на тој начин му се одмазди на Бразил поради поразот во финалето на Копа Америка.