Паузата во финалето на Мундијалот нема да трае 25 минути
Сега ФИФА излезе со официјално соопштение и потврди дека паузата во финалниот натпревар всушност ќе трае 17 минути.
Тоа е само две минути повеќе од вообичаената пауза меѓу двете полувремиња.
Според информациите што ФИФА им ги доставила на фудбалските федерации на Шпанија и Аргентина, музичката програма за време на паузата ќе трае 11 минути, додека преостанатото време ќе биде искористено за поставување и отстранување на сцената, како и за полевање на теренот.
На спектаклот за време на полувремето се очекуваат настапи на светски музички ѕвезди како Мадона, Шакира и Џастин Бибер, но организаторите нагласија дека шоу-програмата нема значително да го продолжи времетраењето на натпреварот.
Финалниот натпревар се игра в недела со почеток од 21 часот и како што е познато во него ќе се сретнат Шпанија и Аргентина.