Парагвајците воведоа „анти Меси“ правило пред пресметката со Аргентина!

Репрезентацијата на Парагвај задутре (четврток) ќе ја пречека Аргентина во дуелот од 11. коло на квалификациите за СП 2026, па предводниците на фудбалот во оваа држава, со цел да обезбедат максимална поддршка за своите фудбалери, воведоа ново правило.

Станува збор за т.н. „анти Меси“ правило, според кое навивачите кои носат дресови со името на Лионел Меси нема да може да влезат на стадионот.

„Секој кој носи дрес со името на Меси ќе му биде забранет влез на стадионот“, изјави спортскиот директор на Парагвајскиот фудбалски сојуз, Фернандо Виласбоа.

Тој додаде дека дресовите на Аргентина, Барселона, Интер Мајами или било кој друг клуб со името на Меси, исто така, ќе бидат забранети.

„Нашата цел е стадионот да биде полн со парагвајски навивачи и играчите да ја почувствуваат поддршката. Никој не смее да носи дресови на Аргентина или други странски клубови“, рече Виласбоа.

Ова правило, како и претходните, има цел да ја зголеми безбедноста на стадионот. Исто така, не е првпат Парагвај да воведува вакви мерки, бидејќи пред дуелот со Бразил беше наметнато правило „анти-Винисиус“, што забрани дресови на Бразил, Реал Мадрид и Винисиус.

Аргентина во јужноамериканските квалификации се наоѓа на првото место со 22 бода, додека Парагвај е на шестата позиција и тоа со девет бода помалку.