Пабовите ќе работат до раните утрински часови поради мечот меѓу Англија и Мексико
Властите донесоа одлука да се продолжи работното време на пабовите, поради тоа што натпреварот почнува во 1 часот по полноќ по локално време, а пабовите ќе можат да работат до 5 часот.
Одлуката е донесена со цел навивачите да можат да го проследат целиот натпревар и евентуалните продолженија и изведување на пенали без да мора предвреме да си заминат од пабовите.