
Озил имал голема желба која не ја исполнил: Откри зошто ја завршил кариерата
Кариерата екс-фудбалерот на Реал Мадрид и Арсенал последните натпревари ги одигра во редовите на Башакешхир. Озил откри и дека сакал кариерата да ја заврши во Фенербахче, но за жал немал таква можност.
„Фудбалот го напуштив за да пронајдам мир. Не можев веќе да ги издржам тие напорни подготовки, патувања, режими...навистина не е лесно. Кога дојдов во Фенербахче сакав таму да ја завршам кариерата, но не ми дозволија“, изјави Озил.
Озил остана спортски активен и по завршувањето на кариерата и редовно вежба во теретана што може да се забележи и по неговиот изглед.