
Откриени се планови за терористички напади на Мундијалот во Русија
По скандалозните фото-монтажи каде што Лионел Меси и Нејмар се прикажани како мртви или ножот им е на врат, англиските медиуми дојдоа до информации дека се шират фотографии со дронови, кои терористите планираат да ги искористат при нападите.
Наводно, терористите планираат на дроновите да постават бомби и експлозиви, кои потоа би биле фрлени на навивачите и играчите.
Да потсетиме, фудбалски натпревар веќе еднаш беше мета на Исламска држава, кога на стадион во Франција во крвавата ноќ во серијата терористички напади беа извршени серија терористички напади пред мечот Франција-Германија.