Официјално: Рома го отпушти Јуриќ

Иван Јуриќ не се прослави на клупата на Рома, а клубот по денешниот пораз од Болоња (2-3) потврди дека хрватскиот тренер заминува.

На клупата на „волчицата“ Јуриќ пристигна на местото на Даниеле Де Роси на 18-ти септември и добро започна победувајќи го Удинезе на дебито со 3-0, но се до денес под негово водство Рома победи само уште на три средби.

Отказот се најавуваше подолго време, а новиот стратег ќе ја преземе Рома од 12. позиција на табелата.

Во италијанските медиуми се шпекулираше со името на Роберто Манчини како прв фаворит. Ќе потсетиме, италијанскиот стратег неодамна доби отказ од селекторската позиција во Саудиска Арабија.