Ништо од враќање во Барселона: Чави го продолжи договорот со Ал Сад (ФОТО)

Еден од најдобрите играчи во средниот ред во историјата на фудбалот, Чави Ернандез, потпиша нов договор со екипата на Ал Сад од Катар.

Тој ќе остане во тимот и наредната сезона со што стави крај на надежите на навивачите на Барселона дека ќе се врати во тимот како нов тренер на Каталонците.

Иако изминатите неколку недели се шпекулираше дека тој ќе го замени Кике Сетиен на кормилото на Барселона, сепак тоа нема да се случи.