Никогаш не е доцна: Египетски клуб потпиша договор со 75-годишен фудбалер

Фудбалскиот свет доби нов најстар професионален фудбалер во светот, откако 75-годишниот Ез Ел-Дин Бахадер потпиша со египетскиот клуб кој се нарекува „6 октомври“, кој се натпреварува во третиот ранг во државата.

Доколку заигра Бахадер ќе стане најстар фудбалер во светот, а Фудбалскиот сојуз на Египет веќе му даде дозвола за настап во натпреварувањето.

„Фудбалерот се подготвува за влез во Гинисовата книга на рекорди и може да почнат подготовките за новата сезона“, соопшти сојузот.

Деталите од договорот не се откриени, а тренерот на клубот му посака среќа.