Неверојатно остварување на Меси на Мундијалите – тешко некој ова да го повтори!

Лионел Меси, првата аргентинска ѕвезда вечерва ги водеше „гаучосите“ до исклучително важната победа над Мексико со 2-0 за двојниот светски првак да остане жив на СП во Катар, ама успеа да запише таков историски момент на Мундијалите, кој веројатно тешко дека некој ќе го повтори.

Меси е прв фудбалер во историјата кој истовремено е и најмлад и најстар фудбалер на Светските првенства кој на меч на СП успеал да запише гол и асистенција.

Меси на СП во Германија во 2006 година против Србија стана најмлад со гол и асистенција на 18 години и 357 дена, а вечерва против Мексико е најстар на кого му успеал ваков ефект од гол и асистенција со 35 годинии 155 дена.

Истовремено Меси со осмиот гол на Светските првенства се израмни со легендата Диего Армандо Марадона, чиј рекорд и од 21 меч како Аргентинец со најмногу настапи го израмни вечерва, па на фудбалерот на ПСЖ сега го брка Габриел Батистута кој има 10 гола на Светските првенства за да стана нејефикасен Аргентинец.

Меси е и прв Аргентинец кој има гол и асистенција на два меча на Светските првенства.