
Несторовски не беше ниту на клупата на Удинезе, Македонецот е пред трансфер
Според италијанските медиуми, Илија Несторовски во последните моменти од преодниот рок би можел да го напушти Удинезе.
Како опција денеска најчесто се споменуваше Сампдорија на која очајно ѝ се потребни засилувања во нападот, но и неколку клубови од Серија Б се интересираат за Македонецот.
Преодниот рок завршува со крајот на утрешниот ден, па многу брзо ќе дознаеме дали Несторовски ќе има нов клуб или ќе остане во Удинезе до крајот на сезоната.