Нејмар утре ќе го одигра првиот натпревар по повеќе од една година

Бразилецот Нејмар повеќе од една година беше надвор од терените поради повреда, а ќе се врати во утре кога неговиот Ал Хилал ќе игра во азиската Лига на шампионите против Ал Аин.

Враќањето Нејмар го потврди преку социјалните мрежи.

„Знам дека сте нетрпеливи, исто така и јас сум. Се враќам на 21. ноември“, објави 32-годишниот Бразилец.

Нејмар во август 2023 година потпиша за Ал Хилал, но поради тешката повреда одигра само пет натпревари за саудискиот клуб.