Недвед му се враќа на фудбалот, познато и каде ќе работи

Чехот Павел Недвед според последните најави е подготвен да му се врати на фудбалот и тоа во Саудиска Арабија. 

Последната функција Недев ја имаше во Јувентус како потпретседател од каде што се повлече во 2022 година кога си замина и целиот одбор директори предводен од Андреа Ањели.

Најавите сега се дека Недвед ќе добие улога на извршен директор во клубот од Ријад, Ал Шабаб.

Ако ја прифати понудата Недведев ќе работи со турскиот тренер Фатих Терим, а дел од тимот е и Италијанецот Џакомо Боновентура.