
Не се снајде и во Барнли: Синот на Роналдињо се сели во нов клуб
Според информациите на медиумите на Островот, бразилскиот офанзивец пристигнува како слободен фудбалер по заминувањето од Барнли и би требало да се приклучи на тимот до 21 година.
Мендеш во изминатата сезона настапуваше за У21-тимот на Барнли и постигна еден гол и запиша две асистенции во младинската Премиер лига. Иако потпиша со Барнли на две години, сепак се раздели со клубот во текот на летото.
Во Барнли најчесто играше на позицијата лево крило. Мендеш низ својата кариера настапуваше уште за екипите на Фламенго, Васко Де Гама , Боависта, Крузеиро и Барселона.