Навивачите на Ал Наср направија фантастична кореографија во чест на Роналдо (ФОТО)

Кристијано Роналдо во настапот за репрезентацијата на Португалија во натпреварот против Хрватска дојде до својот 900. гол во кариерата и 131. во дресот на португалската репрезентација.

По завршувањето на репрезентативните обврски, Роналдо се врати во Ал Наср каде што играше против Ал Ахли.

Натпреварот заврши без победник 1:1, а навивачите пред почетокот приредија фантастична кореографија во чест на Португалецот.

Исто така челниците на клубот му подарија и дрес на кој стоеше бројката 900 и натписот „GOAT“.