Модриќ предизвика еуфорија на тренинг на Хрватска во САД! (ВИДЕО)

Хрватската фудбалска репрезентација го одработи првиот тренинг во американската база во Александрија. Овој тренинг беше отворен за јавноста, па се собраа околу 800 гледачи, меѓу нив и бројни хрватки навивачи.

Во центарот на вниманието очекувано беше главната ѕвезда, Лука Модриќ. Капитенот на Хрватска беше убедливо најбараната личност за автограми и сликање, а некои среќници успеаа да добијат и селфи со освојувачот на Златната топка.

Модриќ стрпливо позираше со фановите и им делеше потписи, а тоа предизвика воодушевување меѓу собраните. Тој ќе го има својот петти настап на Светско првенсво.

Видео од тренингот на Хрватска може да видите на овој ЛИНК.