
Милијардери купија акции во Јувентус
Акции на Јувентус купи компанијата „Tether“ во прашање е фирма која се занимава со криптовалути и има седиште во САД, поточно во околината на Лос Анџелес.
Никој не продаде акции на клубот и треба да се напомене дека семејството Ањели и понатаму има околу 64% од акциите.
„Ние сме навивачи на Јувентус. Минатата година имавме околу 13.7 милијарди евра профит, можеме да го поддржуваме Јувентус во наредните 2000 години“, изјави еден од директорите на компанијата, Паоло Ардоино.
Покрај тоа не ја исклууваат можноста компанијата во наредните години да стане и спонзор на Јувентус.
„Не ги знаеме во овој момент условите со Јувентус за спонзорски договор. Јувентус мора да се врати каде што припаѓа“, изјави Ардоино.