Меси: Сега сме меѓу најдобрите четири, а Хрватска е голем тим!

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси, кој имаше гол и асистенција против Холандија (2-2 по 120 минути, 4-3 по пенали), посочи дека Хрватска е голем тим кој долго игра заедно со ист селектор, после закажаното полуфинале во вторник од 20 часот на СП во Катар откако Аргентина обезбеди пласман меѓу најдобрите четири.

Аргентина до 83-та минута имаше сигурна победа која ја прокоцка, па мораше по потешкиот пат и со пенал-рулет да влезе во најдобрата четворка во Катар.

„Ова е прекрасно, многу радост, иако не требаше да одиме во продолженија и пенали. Но, мораше да страдаме, ама поминавме и тоа е импресивно. Сега Аргентина е меѓу најдобрите четири на светот зашто покажа дека може да игра на секој меч со истата желба и со истиот интензитет. Тимот во секој момент го чита мечот, кога треба да се одигра, кога треба да се брани. Навистина ова е уживање, са сите луѓе. Одиме чекор по чекор, моментно сме најсреќни“, вели Меси.

Хрватска е следен противник, а најдобриот Аргентинец има само пофалби за четата на Златко Далиќ, сѐ уште актуелен светски вицепрвак.

„Хрватска покажа дека се голем тим. На моменти беа егал со Бразил, играа изедначен меч што ја покажува нивната сила. Тоа е тим кој веќе подолго време е со ист селектор и многу добро се познаваат“, рече Меси.