Меси пристигна со синчето на „Бернабеу“ за Суперкласико (ФОТО)

Вечерва се игра големото Суперкласико помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс во Мадрид на „Сантијаго бернабеу“. Победникот од денешниот дуел ќе биде шампион на Копа Либертадорес, а интересот за мечот е огромен, па на него се појавија и дел од познатите фудбалери.

Еден од нив е ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, кој пристигна со синчето Матео во Мадрид за да го следи големиот спектакл меѓу Ривер и Бока.