Менаџерите од летниот преоден рок страшно заработиле – над пола милијарда долари!

Летниот преоден рок кој заврши пред десет дена на Стариот конеитинент донесе рекордна потрошувачка во најсилните пет лиги во светот од т.е. „лига петка“ со 5,5 милијарди евра дадени за засилувања, а од бурниот трансфер пазар најмногу раце тријат – менаџерите.

 

Севкупно според пресметките на светската фудбалска берза летово биле потрошени 6,6 милијарди евра, а од овие пари точно 529,3 милиони долари (околу 500 милиони евра) биле чиста заработка на менаџерите. Оваа бројка ја извадил ТМС-системот на ФИФА, каде се регистрира секој трансфер поединечно во светот.

Ова е нов рекорд кога станува збор за менаџерските провизии од минатогодишните 447,6 милиони евра, кои клубовите ги дале, а според статистиката на ТМС-систенот, летово дури 64,9 отсто од провизиите за менаџери ги платиле клубовите кои ги ангажирале новите фудбалери.

Според Жак Блондин од ФИФА, кој и ги презентирал овие бројки, во дел од земјите, вкупно 60 фудбалски федерации, преодните рокови се сè уште отворени, па бројката на потрошени пари, но и на менаџерски провизии можно е уште повеќе да се зголеми.