Мбапе покажа магија, си поигра со тројца фудбалери на Осасуна (ВИДЕО)

Реал Мадрид во вчерашниот натпревар ја победи Осасуна со 1-0 во првиот натпревар од Ла Лига, а човек на одлука беше Килијан Мбапе кој го постигна единствениот гол нанатпревар, но Французинот го привлече вниманието и со еден потег во текот на натпреварот.

Мбапе се истакна со неколку дриблинзи на мал простор кога си поигра со тројца противнички фудбалери и успеа да ја задржи топката во посед на „кралевите“. 

Во следното коло избраниците на Чаби Алонсо ги чека гостување кај новиот прволигаш, Реал Овиедо.