
„Мбапе е феномен, но не сфаќа дека во нападот игра со поголеми феномени од него“
За разлика од Нејмар и Меси кој прават и асистенции на натпреварите на ПСЖ, Мбапе е себичен и не може да се пофали со многу додавања до соиграчите.
Откако го потпиша фамозниот договор со ПСЖ, Мбапе се промени, мисли дека тој е главен во клубот и како да нема почит кон поискусните играчи од него кои направиле многу повеќе во кариерите.
Алвеш смета дека Мбапе треба да има многу поголема почит кон Нејмар и Меси, да биде свесен за нивните квалитети и да знае дека тие се подобри од него.
„Мбапе е феномен, но уште не сфатил дека тие кои играат со него во нападот се поголеми феномени од него. Нејмар и Меси се единствени. Тие прават работи кои никој друг не може да ги види или направи. Голем играч секогаш мора да знае со кој игра, мора да ги познава соиграчите и да ги цени нивните квалитети. Нејмар и Меси се двајца генијалци“, вели Алвеш за „Газета дело Спорт“.
„Мислев дека јас сум добар со топка, но кога играв со Лео, топката му ја давав нему. Исто и со Нејмар. Кога Мбапе би им давал топки на Меси и Нејмар, би давале по 150 голови по сезона“.