Марадона трошел и до 10 милиони долари месечно, но не на дрога и алкохол
Иако дел од медиумите пишуваа дека Марадона пред смртта на својата сметка имал само неколку илјади долари, сепак вистината е дека неговото богатство е големо, па затоа се очекува и сурова правна битка помеѓу неговите наследници.
Аргентинскиот новинар Хорхе Ријал објави дека Марадона бил сериозен хуманитарец и човек со големо срце. Тој издржавал голем број на семејства, вработени, пријатели, поранешните сопруги и неговите блиски роднини.
Понекогаш неговите месечни трошоци изнесувале и 10 милиони долари. Затоа Марадона често прифаќал понуди да се појавува во Абу Даби, Дубаи, Саудиска Арабија и секаде низ светот каде богаташите му нудеа пари за да дојде на нивните свечености.
„Кој ќе го плаќа сега сето тоа? Кој ќе издвојува повеќе од 10 милиони долари месечно за да издржува 50 семејства? Некој ќе мора да го направи тоа...“, изјави аргентинскиот новинар Ријал.