Марадона ја напушта Гимназија по само два месеци?!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, би можел да ја напушти клупата на Гимнасија по само два месеци минати во аргентинскиот клуб. Аргентинецот оваа сезона има за цел да го спаси клубот од испаѓање и засега не му оди лошо.

Според зборовите на Марадона, тој дошол во клубот заради претседателот Габриел Пелегрино, со кого засега има одлични односи. Потпишаа договор до крајот на сезоната, а по првите шест натпревари на клупата, Диего запиша девет бода. Бидејќи системот за натпреварување во Аргентина е многу чуден, Гимназија во моментов е најсериозниот кандидат за испаѓање, ако ги споредиме претходните сезони.

Престојот на клупата на славниот Аргентинец зависи од тоа кој ќе биде претседател на клубот. Бидејќи Пелерино објави дека нема повторно да се кандидира за претседател на клубот, па затоа Марадона размислува и за заминување. Тој веќе истакна дека во случај на промена на чело на клубот, ќе го напушти тимот кој се грчевито се бори за опстанок во лигата.