Манџукиќ остана без злато, ама влезе во легендите на СП! (ФОТО)

Хрватска не успеа да го освои светскиот фудбалски трон, но светот ќе ги запамети „коцкестите“ како фудбалска селекција која одигра неверојатен фудбал и која помина низ трње за да стане само 13-та селекција која играла финале на едно СП, а Марио Манџукиќ, напаѓачот на „коцкестите“ ако ништо друго како за утеха вечно ќе го памети ова московско финале затоа што влезе во друштво на големите.

Манџукиќ денеска си постигна и автогол, даде и гол и стана само петиот фудбалер кој успеал да постигне гол во финале на ЛШ, но и во финале на СП. После Ференц Пушкаш, Золтан Чибор, Герд Милер и Зинедин Зидан, сега во ова друштво влегува и Манџукиќ

Хрватот, пак, е само втор фудбалер кој во историјата на Мундијалите успеал да даде и гол и автогол во еден меч на СП, а прв во финале. Пред него, тоа му успеало само на Ерне Брандс за Холандија во 1978 година против Италија.