Манчини: Никој не сакаше да биде селектор на Италија по дебаклот

Италија доживеа катастрофа откако не се квалификуваше на Светското првенство во Русија во 2018 година, а тогашниот селектор Џан Пјеро Вентура беше прогласен за државен непријател. 

Фудбалската федерација на Италија потоа имаше проблем да најде елитен селектор, бидејќи сите веруваа дека „аѕурите“ немаат квалитет како во минатото. Сепак, Роберто Манчини не се исплаши од предизвикот да ја врати неговата селекција  на старите патеки.

„Јас кога пристигнав, никој не сакаше да го тренира националниот тим, тие ме прашаа мене и јас веднаш кажав, да!. Многумина се плашеа да влезат по една тешка ситуација, но и овие работи се дел од фудбалот и ви треба малку самодоверба и да верувате во квалитетите на младите фудбалери“, вели Манчини.

Откако седна тој на клупата на „аѕурите“, резултатите на репрезентацијата драстично се подобрија. На 19 натпревари оствари 12 победи, четири ремија и само два порази. Во квалификациите за ЕП 2020, Италија оствари осум победи на осум натпревари.